05 Декември, 2025
0.3197

Награда за ОНЕ за најдобра фејсбук комуникација!

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013 13:01

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ доби награда за „социјално посветена” компанија од светски најпознатиот сервис за фејсбук аналитика, Соушлбејкерс. Како што соопшти компанијата, наградата е доделена врз основа на податоците кои овој сервис ги обработил за третиот квартал од 2012 година.

Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот „комуникација со корисници” на Фејсбук фан страницата на компанијата. ОНЕ во третиот квартал од 2012 одговорил на повеќе од 90 отсто од сите поставени прашања, коментари и објави. Најголем процент од прашањата, дури 45 проценти, се одговорени во првите 10 минути.

„ Ние во ОНЕ, особено тимот кој работи на социјалните медиуми, сме исклучително горди на оваа награда, дополнително и поради фактот што ОНЕ е единствениот локален бизнис субјект кој го добива ова престижно признание. Социјалните медиуми одамна веќе не се „нови медиуми”. Тие се нужна потреба и најдобриот начин за транспарентна и интерактивна комуникација со корисниците“смета генералниот извршен директор на компанијата Цирил Кафол.

Статистиката на Соушлбејкерс покажува дека стапката на конверзација на Фејсбук фан страницата на ОНЕ бележи пораст и истото изразено во проценти за последниот квартал од годината изнесува рекордни 97 отсто.

Од своето основање во 2008 година, Соушлбејкерс успешно работи преку своите канцеларии во Прага, Минхен, Лондон, Париз и Сан Франциско и претставува  единствената платформа која на глобалните индустрии им овозможува компаративни анализи и локална категоризација во социјалните медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници