Добивај вести на Viber
Фармацевтската компанија“Реплек“, добивката ќе ја распределува за исплата на дивиденда и дел за награда на вработените, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
-Добивката на Реплек АД Скопје според Годишната сметка за 2012 година се распределува за исплата на дивиденда во нето износ од 65 ЕУР по акција, односно 3.998,00 денари, и дел за награда за вработените во Групацијата РЕПЛЕК во вкупен бруто износ од 5.129.822,00 денари“, стои во одлуката на компнаијата.
Вкупниот износ на акумулирана добивка од минатите години и дел од добивката од тековната година ќе бидат распределени за исплата на дивидендата и награди за вработените.
Остатокот од добивката од тековната година ќе се распредели во акумулирана добивка.
Последниот ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 15.05.2013 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 16.05.2013 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 20.05.2013 година.