18 Декември, 2025
0.0498

Наградна игра на Т-Мобиле – Освојте го луксузниот Порше Кајман

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2015 14:59

Добивај вести на Viber

Т-Мобиле Македонија ја организира досега најголема наградна игра за своите корисници.

Учесниците во наградната игра имаат можност да освојат едно од трите Ауди А3 автомобили, додека за најсреќниот добитник е резервиран луксузниот Порше Кајман.

Наградната игра започна на 05 Април и ќе трае до 30 Мај. Правилата се едноставни, а играта важи за сите нови и постојни припејд корисници. За да учествуваат во играта, корисниците треба најпрво да се регистрираат со повик на бесплатниот број 1469.

Потоа, со надополнување на ваучер од најмалку 300 денари, добиваат клуч со кој учествуваат во едно од трите извлекувања за автомобилот Ауди А3. Со 3 клуча (најмалку три ваучери од по 300 денари) при пејд корисниците имаат шанса да ја освојат главната награда - неверојатниот Порше Кајман.

nagrada-porshe-audi-banner2

Извлекувањето на добитниците на автомобилот Ауди А3 ќе биде на 19 април, 3 мај и 17 мај во емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ, додека доделувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 Мај во истата емисија.

Освен редовното надополнување на сметката, за оваа наградна игра нема никакви дополнителни трошоци.

За сите оние коишто сакаат да играат за еден од четирите фантастични автомобили, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, новите при пејд корисници за 295 денари добиваат пакет од 2 картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари кои може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.

„Се чини како никогаш досега не било толку лесно да се дојде до Порше Кајман. Па затоа, се охрабривме играта да ја наречеме „Наградна игра на векот“. Одлучивме да ги изненадиме нашите при пејд корисници на најдобар можен начин и да им се заблагодариме за лојалноста и поддршката која ја добиваме од нив. Со нетрпение ги очекуваме среќните добитници на овие навистина вредни награди, а особено новиот сопственик на Порше Кајман. Ги повикуваме сите да учествуваат во играта која што ќе им овозможи не само забава, туку и дополнително пријатно изненадување-автомобил од соништата“, изјави Димитар Ковачевски, директор на Корпоративни комуникации.

Повеќе информации за наградната игра корисниците може да добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!