26 Јуни, 2024
0.0298

Најалармантно ниво на нуклеарна закана - Што значи напуштањето на договорите за вооружување?

Објавено во: Македонија 06 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Помеѓу САД и Русија повеќе нема ниту еден важечки договор за ограничување и контрола на нуклеарното оружје, што опасно ја зголемува заканата за катастрофален судир. Алармот е кренат на највисоко ниво, можеби и повеќе од 1962 година при т.н. Кубанската ракетна криза кога светот избегна нуклеарен армагедон по преговорите меѓу Кенеди и Хрушчов.

Денес, се случува тоа што беше незамисливо. Повторно во Европа се војува со тенкови и копнена инвазија, а Путин на едногодишнината од нападот врз Украина целосно го обвини Западот и се закани дека Русија „едноставно не може да биде воено поразена“ алудирајќи дека Москва може да преземе сѐ, дури и нуклеарен напад.

Се обидуваме да објасниме што значи повлекувањето од договорот СТАРТ од страна на Русија кое доаѓа на една година од почетокот на војната во Украина.

„Накратко, повлекувањето значи две работи: обид за вршење притисок врз Западот и порака за меѓународната заедница која дава поддршка на Украина да се повлече и да ја  сфати сериозната решеност на руските барања, и потенцијално почеток на нова трка за нуклеарно вооружување која не е сосема извесна со оглед на исцрпеноста на ресурсите“, вели Весна Попоска, доцентка од областа на меѓународно право и деканка на Правниот факултет на Меѓународен Универзитет Визион.

Сега се прават обиди да се процени колку е сериозна заканата од употреба на нуклеарно оружје, како во војната во Украина така и во директна конфронтација со Западот. Дали ѕвечкањето со нуклерарки е стратегија со која Путин може да ги оствари своите цели?

„Никој не може да тврди дека заканата не постои, иако е спротивна пред се, на здравиот разум. Ако се сеќавате, заканата од Русија НАТО во последните десетина години ја гледаше повеќе низ призмата на хибридните закани, не на враќањето во ровови и копнена инвазија која потсетува на сцени од првата светска војна. Иако никој не може да предвиди со сигурност што ќе се случи, мислам дека „Ѕвечкањето со нуклеарки“ е очајнички потег да се добијат подобри позиции на руска страна во време кога силите на фронотот се прилично избалансирани и никој не победува“.

Светот на недоверба и директна конфронтација меѓу Западот и Истокот секогаш значел трка по воена суперирност, како обид да се одврати спротивната страна за решителен напад.

Што ќе значи нова трка за нуклеарно вооружување за светот, не само во контекст на воената инвазија врз Украина, туку и за понатамошните напори за мир и нормализација на односите меѓу Западот и Истокот?

„Колку подолго трае војната, толку потешки и понеизвесни се напорите за мир, а разорните ефекти и жртвите поголеми. Односите помеѓу Истокот и Западот одамна не се нормални, во најамала рака од анексијата на Крим и тешко дека ќе се стабилизраат. Руската надворешна политика ја пресликува се повеќе доктрината на Примаков која  претпоставува дека еднополарниот свет во кој доминираат САД е неприфатлив за Русија и ги нуди следните принципи за руската надворешна политика:

·  Русија треба да се стреми кон мултиполарен свет управуван од концерн на големи сили кои можат да се спротивстават на едностраната моќ на САД.

·  Русија треба да инсистира на својот примат во пост-советскиот простор и да ја води интеграцијата во тој регион.

·  Русија треба да се спротивстави на проширувањето на НАТО.

Русија не влезе во оваа војна за да ја изгуби но, не очекуваше и толкав отпор од украинската страна, па и од меѓународната заедница, така што најлошото сценарио би било примирјето да пристигне дури по апсолутна исцрпеност на сите засегнати страни“, оценува Попоска.

Историјат на нуклеарните договори

START е кратенка од Strategic Arms Reduction Treaty или Договор за намалување на стратешкото вооружување. Позади себе има историја од речиси половина век и не е прв пат да биде (зло)употребен како алатка во преговори или постигнување на определени стратешки цели на двете страни: САД и Руската федерација (односно поранешниот СССР).

Се работи за билатерален меѓународен договор кој се преговараше, дополнуваше и обновуваше во неколку наврати, од средината на седумдесетите години до денес и имаше за цел да го намали и ограничи пред се нуклеарното вооружување на двете страни.

Во 1982 година американскиот претседател Роналд Реган го даде денешниот назив за процесот и предложи драстично намалени бројки на нуклеарните капацитети, а Советите веќе во 1983 ја напуштија преговарачката маса во знак на протест кон распоредувањето на проектили со среден дострел во Западна Европа.

Во 1985 година процесот продолжи, а разговорите кулминираа во јули 1991 година со сеопфатен договор за намалување на стратешкото вооружување кој го потпишаа Џорџ Буш постариот и Михаил Горбачов. Договорот брзо беше ратификуван во САД (бидејќи потпишаните договори согласно меѓународното право имаат обврзувачки карактер по ратификацијата со која стануваат дел од националниот правен систем) но, процесот се развлече и со распадот на Советскиот сојуз, а нуклеарното оружје на руската страна било распоредено во дел од новите републики (Украина, Казхстан и Белорусија), на кои подоцна им беше дадена шанса да се придружат кон договорот.

Сите пет страни ги разменија инструментите за ратификација дури на крајот на 1994 година. Договорот беше предвидено да се реализра во три фази и резултирал со нула боеви глави во Белорусија, Украина и Казакстан до 1999 година, како и со намалување на американското и руското стратешко вооружување. Овој договор попознат како СТАРТ1 истече во 2009 година. Во меѓувреме Путин и Буш помладиот постигнаа уште еден договор за стратешко редуцирање, а со доаѓањето на админситрацијата на Обама почнаа преговорите со Медведев за нов СТАРТ, околу 2009 година.

Последниот договор иако потпишан никогаш не вроди резултати бидејќи најпрво САД одбија инспекција на рускиот тим поради изговор со коронавирусот, а потоа и Русија одби да ги прими американските инспектори на нуклеарните капацитети како реципроцитетна мерка, за сега конечно Путин да се повлече и од последниот важечи договор меѓу двете суперсили.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење