05 Јули, 2024
0.0286

„Најава за огромна корупција“: СДСМ со остра реакција за најновите владини одлуки „правец наназад кон 2016 година“

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

По вчерашната владина седница на која беа донесени повеќе одлуки за назначување на претставници на новата владина коалиција на раководни позиции, но и за враќање на оградата пред Владата остра реакција пристигна утрово од сега веќе опозициската СДСМ. 

Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година. 

ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Покантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.  

Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие. 

Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.

Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи - напишаа СДСМ во нивото соопштение. 

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот

ЗАЈКОВА: Не треба да чекаме 27 години како со Грција и секоја година да ни доаѓаат полоши услови

ЗАЈКОВА: Не треба да чекаме 27 години како со Грција и секоја година да ни доаѓаат полоши услови

ТАРАВАРИ ЌЕ ИНСИСТИРА НА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОНКОЛОГИЈА: „Да ѝ дадеме приоритет на Клиниката за да може нормално да функционира“

ТАРАВАРИ ЌЕ ИНСИСТИРА НА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОНКОЛОГИЈА: „Да ѝ дадеме приоритет на Клиниката за да може нормално да функционира“

Панче Тошковски го пријави имотот: Два стана од 545.000 евра стекнати во изминатите две години

Панче Тошковски го пријави имотот: Два стана од 545.000 евра стекнати во изминатите две години

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ