ТАРАВАРИ ЌЕ ИНСИСТИРА НА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОНКОЛОГИЈА: „Да ѝ дадеме приоритет на Клиниката за да може нормално да функционира“
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024 14:08
На Клиниката за
Онкологија и радиотерапија недостигаат медицински сестри, техничари,
радиолози, физичари и лекари,
информираше денеска миснитерот за здравство, Арбен Таравари, кој заедно
со директорот на оваа Клиника,
Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален извештај за недостигот. Ваквиот извештај, како што рече
Таравари, ќе биде разгледан следната
недела на седница на Владата.
„Во следниот период јас како министер за здравство ќе инсистирам да се дозволат вработувања, да не ги преоптоваруваме вработените. И така цела Македонија гравитира само тука. Се работи за 100 лежечки пациенти и 50 што се водат амбулантски. Ни преостанува идната недела да имаме конкретни барања од Клиниката и потоа заедно со директорот и со министерката за финансии да побараме, да вршиме притисок, по секоја цена да ѝ дадеме приоритет на Онкологија за да може нормално да функционира. Ваквото функционирање и за пациентите е тешко, меѓутоа, реално, за медицинскиот кадар е претешко“, рече Таравари.
Истовремено, Таравари нагласи дека треба да се направи мораториум на одредени специјализации, со цел младите лекари да се поттикнат да специјализираат онкологија, област каде што сериозно недостигаат кадри.
„Јас в понеделник ќе се видам и со деканот на Медицинскиот факултет, мислам дека ни треба стратегија за специјализации, особено за онколози. Добив информација дека не се повеќе од 50 онколози во целата држава, што е премала бројка за Македонија, а исто така и патолози. Од тука одам на Институтот за патологија да видам и таму како стојат работите, па заедно со деканот да организираме мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност и да ги мотивираме докторите што повеќе да специјализираат и онкологија и патологија“, рече министерот Таравари по посетата на Онкологија.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




