27 Април, 2024
0.0306

НАЈАВЕН СТУДЕНТСКИ СОБИР ВО БИТОЛА: Прекинувањето на преговорите е единствениот разумен чекор

Објавено во: Македонија 15 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Да се прекинат преговорите со Грција, бараат студентите кои утре во 18 часот во Битола на плоштадот Магнолија ќе се соберат да го искажат својот револт, и ги повикуваат сите граѓани кои се сложуваат со нивните ставови да ги поддржат.

Обединети под иницијативата „Млади за Македонија“ нагласуваат дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и ќе нанесе само штета на државата.

„Студентите отсекогаш биле движечката сила кон напредок на едно општество, кон одбрана на слободата, правдата и достоинството. Ние сме тие со идеите, енергијата и неизгасливата желба за промена кон подобро, за реафирмација на трајните вредности и идеали кои гарантираат просперитетна иднина за секој граѓанин на оваа држава. Како иницијатива, сметаме дека македонското општество денес се наоѓа пред еден немилосрден предизвик. И покрај обвинувањата дека шириме ирационална параноја, јас ќе напоменам дека самата деструктивна природа на политиките против кои се бориме е повеќе од очигледна за секој слободноумен граѓанин. Должноста на академците и академските граѓани е да создаваат услови за прогрес. Ние сме силата која ја гради иднината на оваа земја и затоа имаме неизбежна обврска да ја заштитиме од секаква деструктивна политика. Не постои никаква реална или објективна рационализација да служи како причина за постоење на такви преговори, а и самата продуктивност на водењето преговори околу наметнатиот спор се покажа како минорна или скоро непостоечка во последните 27 години. Сметаме дека прекинувањето на преговорите е единствениот разумен чекор кој би довел до позитивно придвижување на нашата држава“ – вели Филип Романски од „Млади за Македонија“.

За Законот за употреба на јазиците вели дека дефинитивно е противуставен како што беше потврдено од многубројни правници, експерти и европски претставници. Романски смета дека неговата имплементација би значела продолжување по таа надолна спирала на подгревање на национална нетрпеливост, понатамошна поларизација, занемарување на правата на помалите етнички заедници.

„Етничките малцинства во Република Македонија во голема мера имаат поголеми идентитетски и јазични права од која било друга држава во регионот и пошироко, и секако треба понатамошен напредок за усовршување на тие права, напредок кој би бил загрозен со овој „закон“- рече Романски.

Тој додава дека нивна должност како академски граѓани е да ги разобличат лагите наметнати врз македонската јавност и да формираат плодна почва за прогрес и функционална држава.  Објаснува дека „Млади за Македонија“ како иницијатива е формирана од образовани, храбри и некомпромитирани луѓе, студенти кај кои го има стремежот кон просперитет и општество управувано од слободните идеали кои не го потценуваат народот и не го нарушуваат достоинството на граѓанинот.

Студентски собир за истата цел претходно имаше во Штип.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“