18 Декември, 2025
0.0604

Најчестите грешки кои ги правите со кредитните картички

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2015 07:44

Добивај вести на Viber

Користење на кредитни картички што е можно поскоро може да доведе до многу несакани проблеми  и лоша финансиска ситуација. Но, отворањето кредитна картичка не мора да биде катастрофално, доколку знаете како правилно да ги користите. Луѓето кои навистина умеат да ги користат, знаат и да заштедат. Сепак еве неколку грешки кои треба да ги избегнувате: Доцнење со уплата Кога ја вадите картичката, банкарот најчесто ви го кажува датумот кога доспеваат вашите обврски за плаќање. Тој датум никако не го заборавајте. Повеќето ви овозможуваат грејс период од неколку дена, но кога ќе истечат вие ќе бидете пријавени како должник, а тоа влијае на вашиот кредитен резултат. Минимална уплата Секој месец постои износ кој е обврзан за плаќање. Во ваш интерес е да уплатите повеќе од минималната уплата. Таа обезбедува правилна уплата на месечните обврски, а кога би уплатувале повеќе од минимум секој месец, би го скратиле времето на отплата на долгот, а со тоа и би плаќале помала камата. Зголемување на лимитот на картичката Ова значи дека сте презадолжени и не можете да ги исполните своите обврски на време. Повеќето корисници нерационално трошат и со тоа создаваат долгови, кои не можат да ги подмират. Водењето евиденција за задолжувањето, ќе ви помогне да избегнете обврска за плаќање на повеќе рати во ист месец. Со земање дополнителен износ, само ја зголемувате својата задолженост. Избегнување на плаќање Ако сте се задолжиле премногу и не можете да ги платите трошоците, или знаете дека ќе закасните известете ја банката. Би можеле да ви помогнат да го најдете вистинското решение, да излезете од таа ситуација. Затворање на старите картички Можеби сте ја отвориле првата кредитна картичка на 18 години, а веќе имате 28 и добар кредитен резултат. Не ја користите често и решавате да ја затворите. Тоа можеби е погрешно, доколку истата таа кредитна картичка има подобри услови и пониски трошоци, отколку нова. Кредитните картички се нашиот прв допир со некој вид на кредит. Важно е да знаете како најдобро да ги користите, бидејќи вашето однесување, може да влијае на вашата финансиска иднина. Користете ги кредитните картички мудро и тоа ќе ви помогне да ги исполните своите финансиски цели. К.К.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!