„Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати“: Ина Многуфина со остра реакција
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2025 07:42
Дали пресудата против напаѓачот врз градоначалничката Данела Арсовска е доволна за заштита на сите жени. Дали оваа пресуда ќе помогне да се промени нешто во системо, кој според многумина не ги брани жртвите.
На оваа тема се огласи и општествената критичарка, Ина Многуфина, која во повеќе наврати пишува на темата насилство врз жените. Како и досега и овој пат со барање за поголема заштита на жените жртви на насилство.
- Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати.
Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата.
Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава.
Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи #стопзанасилствоврзжени - напиша Многуфина на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




