18 Декември, 2025
0.0382

Најди љубов таму каде што не си ја очекувал

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2016 11:37

Добивај вести на Viber

Без разлика дали сте сами или во двојка, најдобро е да се стуткате под ќебе со добар филм или серија. На Pickbox има романтични мигови во изобилство. Според тоа каков лик си, сигурно ќе се најдеш во една од овие сериски љубови и парови кои којзнае како го нашле патот еден до друг:

Родни и Касандра/ Сплетки

Spletki

Сите некогаш ја наоѓаат својата подобра половина, а ако тоа му успеало и на вечно несмасниот Родни од „Сплетки“ со неговото заведување кое е рамно на љубовно самоубиство, тогаш може секому да му успее. Единственото на што треба да се внимава е во близина да не се најде братот кој сака да ве посрамоти, затоа што тогаш сѐ пропаѓа.

Жан-Лик и докторката Крашер/ Ѕвездени патеки

Star Trek

Двојката која успеа да ја реализира својата врска дури во алтернативната иднина, капетанот Пикард и докторката Крашер се бакнуваат во сегашноста, во последната епизода од „Ѕвездени патеки“. Но тоа време, како и алтернативната иднина, уништенисе кога Пикард го менува минатото... Сѐ е релативно, затоа ништо не е невозможно!

Ал и Пеги Банди/ Брачни води

Bracni vodi

Ако среќно се заљубиш еден ден, само сети се дека Пеги и Ал Банди порано биле заљубени. Пред да впловат во мизерното пристаниште наречено „брак“,се гледалемилно, сексот им бил добар, оделе на пијачки и вечери. Останатото е историја. Ал седи на каучот со далечинското в раце и мрчи, а Пеги со цигара во уста се вртка низ кујната и подготвува јадења кои не се баш за јадење. Расположете се со гледање на најлошиот пар во историјата!

Френ Фајн и г. Шефилд/ Дадилка

Dadilka

Романсата помеѓу дадилката и нејзиниот богат шеф е ода за сите залудно заљубени кои трпеливо го чекаат својот миг. Трпеливоста се исплатува! Ако ништо друго, барем за оние што имаат долг јазик и се подготвени, баш како и дадилката Фајн, да ја предизвикаат својата среќа. Биди како дадилката Фајн. Предизвикај ја својата среќа!

Одри и специјалниот агент Дејл Купер/ Твин Пикс

Twin peaks

Ќе замижиме пред фактот дека средношколката Одри е премлада за агентот Дејл, но вистинската љубов не признава години и не ги почитува општествените конвенции. Ако има хемија и добри вибрации, само напред (но само кога тој/таа ќе стане полнолетна!)

Шерлок и Моли/Шерлок

Sherlock Sherlock1

Љубовта помеѓу Шерлок и Моли можеби е платонска, но понекогаш токму таквата љубов ни дава сила. Општествено прилагодени социопати, ценете ги оние што ви се поддршка во сѐ!

Бичер и Келер/Оз

Oz

Кога си долго во затвор како Бичер, не е чудно одеднаш да се најдеш заљубен во Келер и да го бакнеш во затворската пералница. Во таквите ситуации не е најлоша работа што си „геј“ лик во затвор, туку што твоето момче најверојатно по некое време ќе ти ги скрши рацете и нозете.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!