НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Швајцарија е прва, а која земја котира најлошо?
Објавено во: Свет 13 Септември, 2024
Списанието U.S. News & World Report објави листа на најдобрите земји за живот. Швајцарија го освои првото место и тоа трета година по ред.
На второ место е Јапонија поради високите позиции во категориите претприемништво и миграција. Соединетите Американски Држави се рангирани на третото најдобро место.
Кога се во прашање земјите од регионот и нашите соседи, Грција е на 26 место, Турција на 31, Хрватска е на 47 место. Таа особено се истакна во категориите бизнис, авантура и наследство.
Бугарија е на 64 место, а на 65 е Словенија, а Србија се најде на 88 место. Имаше слаб резултат во голем број категории, вклучувајќи моќ, квалитет на живот, агилност итн.
Белорусија беше прогласена за најлоша земја.
Топ 10 листата е следна:
Швајцарија
Јапонија
Соединетите Американски Држави
Канада
Австралија
Шведска
Германија
Обединетото Кралство
Нов Зеланд
Данска
foto freepik.com