Најдоцна в среда Заев ќе го има во раце мандатот
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017
Најдоцна до вторник или среда претседателот, Ѓорге Иванов ќе му го додели мандатот за формирање на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, брифираат извори од СДСМ за Телевизија 24.
Заев попладнево во 14 часот му ги достави 67-те потписи на пратеници од македонското собрание на Иванов.
Тој пред средбата изјави дека ќе има лесен и брз трансфер на власта во Македонија.
Рече дека ова е историски ден за Македонија и очекува Иванов што поскоро да му го додели мандатот.