НАДОЈДЕНИОТ ДУНАВ СТИГНА ВО ХРВАТСКА: Се очекува дека нивото нема да достигне осум метри
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2024 16:29
На границата меѓу Унгарија и Хрватска, во близина на Батина на исток од земјата, нивото на водата во Дунав е измерено на 708 сантиметри.
Томислав Новосел од водостопанската компанија „Хрватске вода“ изјави дека врвот на поплавниот бран стигнал во Хрватска во два по полноќ.
Новосел изрази уверување дека нивото на водата сигурно нема да достигне осум метри и додаде дека во наредните часови се очекува стагнација, а потоа и благо намалување.
Врвот на поплавниот бран на Дунав порано стигна до Унгарија, а реката веќе се повлекува, соопшти денеска претставник на унгарското МВР.
Иако нивото на водата се намалува, акциите за заштита од поплави се во тек во 70 области во Унгарија. Предупредувањето за поплави ќе важи до сабота попладне.
Најмалку 23 луѓе загинаа во поплавите минатата недела во повеќе европски држави.Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




