Најдоцна до утре ќе се знае има ли опасно млеко во Македонија
Објавено во: Агробизнис
23 Февруари, 2013 17:35
Добивај вести на Viber
Дали млекото кое се продава низ македонските маркети содржи афла токсин, најверојатно ќе се знае утре. Според прелиминарните податоци сите производи кои се пуштени во промет, ги исполнуваат стандардите, сепак дополнително е направена ре-проверка која е се уште во тек.
-Прелиминарните податоци покажаа дека сите производи кои се пуштени во промет, ги исполнуваат стандардите односно нема опасност за граѓаните на Република Македонија, но, дополнително е направена ре-проверка која е се уште во тек и денеска треба да излезат нови резултати кои би значеле потврдување на претходните резултати и врз основа на тоа кога ќе бидат сите информации добиени од страна на лабараторииите ќе излеземе со конкретно објавување на сето она што е резултат на овои проверки. Во таа информација ќе бидат објавени и резултатите кои се добиени врз основа на испитувањата за секој производ и производител поединечено за да знаат граѓаните на Република Македонија дали има опасност да купуваат одреден производ од млеко или нема, изјави денеска портпролот на Владата Александар Ѓоргиев.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?