Добивај вести на Viber
Понекогаш еден ненамерен момент може да ве чини многу скапо. Видете неколку вакви приказни.
Тие ве учат на вредни лекции , како да не заспивате додека префрлувате пари , да ги проверувате внимателно тикетите од лотарија и кога давате стари алишта на распродажба , да им ги проверувате џебовите:
Банкар заспива на тастатурата - префрлува 293 милиони евра
Германски банкар се најде на насловните страници со тоа дека префрлил по грешка 222,222,222.22 евра на друга сметка. Тој тврди дека заспал на тастатурата и дека со челото го притиснал копчето 2. Неговата шефица беше сменета , но откако грешката беше поправена , таа била повторно назначена на работа.
Жена исфрла лотарија билет во вредност од 1 милион долари
Во јули 2011 година Шерон Данкан си купила лотарија билет во продавница во малиот град Биб , Арканзас . Таа го проверила на скенер во продавницата , кој покажал дека нема добивка. Тогаш го фрлила во канта за ѓубре. Шарон Џонс , која се прехранувала барајќи во ѓубрето, го земала билетот , но нејзината проверка покажала дека тој е добитен и дека вреди 1 милион долари. Менаџерот на продавницата, сепак, ја дал Џонс на суд , бидејќи во продавницата имало натпис дека е забрането да се земаат работи од ѓубре.
Шерон Данкан исто така се приклучила кон делото, тврдејќи дека скенерот во продавницата бил оштетен . На крајот трите страни се договориле надвор од судот.
PayPal префрла 92 квадримилиона по грешка
Кога Крис Рејнолдс од Пенсилванија ја проверил својата сметка во PayPal , тој утврдил дека на неа има 92,233,720,368,547,800 долари. Од компанијата , сепак, брзо се освестиле и го преземале износот . За да го компензираат , тие направиле " скромна" донација за добротворна организација по избор на Рејнолдс .
ФЕД прави печатна грешка за 120 милиони долари
Дали имате проблеми со вашиот печатач ? Што да кажат од ФЕД ? Во 2011 година тие мораа да пуштат нови 100 - доларски записи кои беа објавени со гласна кампања. Малку пред да бидат пуштени сепак, станало јасно дека има " мал " дефект на некои од нив . Овој " мал дефект " го забави ставањето во промет на новите банкноти за две години и на крајот тоа ги чинеше даночните обврзници 120 милиони долари.
Зависник од коцкање успева да повлече 1,5 милиони долари од Bank of America
Нема полошо од тоа, Bank of America да има проблем со банкоматите, и тоа не било каде, туку во неколку казина во Флинт Мичиген. Пензионираниот офицер во автосервис, Роналд Пејџ, открил дека може да се повлечат пари без лимит од банкоматите во казината во градот.
Тој земал пари неколку пати на ден во текот на 14 дена и на крајот извадил 1.543.000 долари. Откако ги земал, тој веднаш ги трошел на игри во казината. Во еден момент, тој поминал 36 часа без да спие , бидејќи бил зафатен со играње. Пејџ е осуден на 15 дена затвор и до крајот на животот ќе треба да го отплаќа износот што го подигнал од банкоматите.
Жена продава јакна за 20 долари, а во џебот има дијамантски обетки вредни 18 000 долари
Дури Родос од Хантингтон Бич донираше половна облека на локална распродажба. Меѓу облеката имало тексас јакна која се продала за 20 долари. Дури потоа таа се сетила дека ја користела јакната за "тајно и безбедно" чување на пари и вредни предмети. Во моментот кога се продала, во џебот на јакната имало дијамантски обетки вредни 18 000 долари и прстен на нејзиниот сопруг вреден 1.500 долари. Дури се обратила во локалниот печат со барање до купувачот да го врати накитот, но никој не се одзвал.
A.A.