Најголем број од заболените од Ковид 19 имаат над 50 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Април, 2020
Најголем дел од заболените од Ковид 19 во земјава се на возраст над 50 години.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години, односно просекот е 46 години.
Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 162 (21,3%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 58,3/100.000, стои на веб страницата на Институтот за јавно здравје.
Децата имаат најмал удел меѓу заболените.
Најново е дека во Кочани заразено со коронавирус е дете на возраст од 2 години и 4 месеци.
Бројот на потврдени се искачи на 760.
Вчера најголем број на новодијганостицирани имаше во Скопје и Куманово.
Во Дебар состојбата се стабилизира.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.