29 Септември, 2024
0.0308

НАЈГОЛЕМ ГРАДЕЖЕН ПАЗАР ВО СВЕТОТ: За која земја се работи?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Престолонаследникот во Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман сака да ја трансформира економијата зависна од нафта. Само лани беа доделени градежни договори во вредност од над 140 милијарди долари. Повеќето од нив беа во Ријад, каде Саудиска Арабија има за цел да го зголеми своето население на десет милиони до 2030 година.

Саудиска Арабија ќе прерасне во најголемиот градежен пазар во светот, затоа што кралството вложува огромни суми пари во проекти насочени кон ремонт и диверзификација на економијата. Ова го соопшти консултантската група за недвижнини Најт Френк.

Вкупната вредност на градежното производство на земјата треба да достигне 181,5 милијарди американски долари до крајот на 2028 година, што е за скоро 30 отсто повеќе од нивото во 2023 година, објави лондонската компанија во истражувачки извештај објавен во понеделникот, објави Блумберг.

Откако иницијативата „Визија 2030“ е лансирана пред осум години, Саудиска Арабија почна проекти вредни повеќе од 1.250 милијарди долари.

foto ekrem osmanoglu/Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија