18 Декември, 2025
0.0803

НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ ВО ИСТОРИЈАТА - Европската централна банка повторно ја зголеми референтната камата

Објавено во: Финансии 08 Септември, 2022 18:52

Добивај вести на Viber

Европската централна банка денеска ги зголеми трите клучни каматни стапки за 0,75 процентни поени, што е најголем пораст досега за 19-те земји кои го користат еврото.

ЕЦБ објави дека трите главни каматни стапки ќе бидат 0,75 отсто, 1,25 отсто и 1,5 отсто.

25-члениот управен совет на банката ги зголеми клучните стапки на потег без преседан, имајќи предвид дека ЕЦБ обично ги поместува стапките за четвртина поен (0,25 отсто) и никогаш не ја зголемила својата основна банкарска стапка за три четвртини од поен од воведувањето на еврото во 1999, пренесува АП.

Реперот на ЕЦБ сега е 1,25 отсто за банкарски заеми, а на ФЕД од 2,25 отсто до 2,5 отсто по неколку големи зголемувања на каматните стапки, вклучително и две од три четвртини од поен.

Клучната стапка на Банката на Англија е 1,75 отсто, а Банката на Канада во средата ја зголеми референтната вредност за три четвртини од поен, на 3,25 отсто, пренесе АП.

Како што беше наведено, Европската централна банка го имаше своето најголемо рекордно зголемување на каматните стапки денеска, откако Федералните резерви на САД и другите централни банки беа во глобално стампедо од брзи зголемувања на каматните стапки, чија цел беше да се смири рекордната инфлација која ги оптоварува потрошувачите и ја турка Европа кон рецесија. 

Можеби ќе ве интересира

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома