Најголема побарувачка за седмата генерација на Голф
Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2013 21:05
Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека ќе воведе уште три смени во фабриката во Волфсбург, бидејќи досега има добиено над 100 илјади нарачки за новиот модел на Голф. Новата седма генерација на Голф продолжува да ги руши рекордите на своите претходници.
Директорот на Фолксваген Мартин Винтеркорн, изјави дека од претставувањето на новиот Голф 7 неговата компанија добила над 100.000 нарачки за овој модел.
Винтеркорн нагласи дека наспроти преминот од Голф 6 на Голф 7 и неопходните технички промени на производните линии, Фолксваген испорачал над 800.000 примероци од овој модел во 2012 година.
Голф е деветта година најпродаван автомобил во Европа, додека во Германија веќе 37 години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





