Најголемата опасност на 21-иот век
Објавено во: Мои пари 17 Јануари, 2014 09:47
Фрапантни 90% од сите болести се директно или индиректно поврзани со стресот. Звучи навистина опасно, но е реално и сите ние го чувствуваме тоа. Свесни сме за тоа дека се повеќе време поминуваме во нервоза, растревоженост, грижи, со еден збор - стрес... Современиот начин на живеење го зголемува нивото на хроничен стрес како и зачестеноста на новосоздадениот (акутен) стрес. Тоа секојдневно се одразува врз енормното покачување на застапеноста на посттрауматски состојби, емоционални пореметувања, пореметувања во однесувањето, психосоматски заболувања и психоимунолошки оштетувања.
Но, не смееме да се предадеме на овие состојби и мораме да се одбраниме од сите закани кои ги носи овој “модерен” стил на живеење. Не смее да заборавиме дека резултатите од стресната состојба можат да бидат и позитивни (еустрес) наспроти негативни (дистрес). Позитивниот резултат води кон мотивација и правилна адаптација и токму на тој начин мора да го канализираме стресот. Одамна во светот е сфатена потребата од сериозен пристап кон стресот. Таквиот пристап би требало да овозможи создавање на адекватна програма за откривање и регулирање на стресот и неговите последици. Од неодамна истото почнува да се случува и во Македонија, па така веќе постои и сајт како www.antistres.mk. Направен од д-р Звонко Џокиќ, специјалист по невропсихијатрија и експерт по стрес менаџмент, истиот преставува пионерски проект во областа. Единствен портал преку кој буквално секој може да добие пристап до уникатно изработени антистрес, велнес и антиејџинг програми. Истото и те како е потребно, така што мора да се одаде признание до д-р Џокиќ за тоа што го прави.
Една од најважните вештини која треба да ја усвои современиот човек е вештината на регулирање на стресот. Управувањето со стресот претставува и ќе претставува темел на опстанокот и успехот на човекот од 21-иот век. Внимавајте на себе. Не се работи за нешто што може да се прави, туку мора.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




