19 Декември, 2025
0.0474

НАЈГОЛЕМИОТ МУСЛИМАНСКИ ПРАЗНИК – Курбан Бајрам почнува денес

Објавено во: Стил 24 Септември, 2015 10:05

Добивај вести на Viber

Исламските верници ширум светот го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Тоа е најголемиот муслимански празник, кој уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека, и е посебен по приносувањето на жртви.

Курбан бајрам се одбележува четири дена.

Тој исто така е најзначајниот исламски празник кој доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазанскиот бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан Бајрам не се слави секоја година во исто време.

Според шеријатските прописи хаџот е еден од петте исламски темели. Меѓу нив ги има и оние кои изминале долг пат.

Премиерот Никола Груевски испрати честитка до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и сите граѓани од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам, упатувајќи искрена желба за среќни и благословени празнични денови минати во добро здравје со најблиските. „Нека празникот донесе мир, спокој и бериќет“- стои во честитката на премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се