05 Декември, 2025
0.0362

Најголемите бизарни настани во светот на парите

Објавено во: Анализа 18 Ноември, 2012 09:15

Добивај вести на Viber

Се чини дека парите се едни од работите кои ги земаме здраво за готово. Тие се всушност дел од нашето секојдневие. Секој ден одиме на работа и нормално секој месец очекуваме да ни биде платено за трудот. Нормално не се сомневаме дека парите ќе ни ги примат кога ќе пазариме во продавница или кога ќе купуваме било што на било кое место. Сепак низ годиве се случувале страшни работи кои вреди да не се заборават. Што се случува кога работите ќе тргнат наопаку: 1. Инфлацијата од 13,600,000,000,000,000% во Унгарија - Горната бројка е точна и веруваме дека не знаете да ја прочитате. Верувајте ретко кој тоа би го погодил. Замислите дека на сабајле одите да си купите бурек во локалната пекари. Но сте го заборавиле новчаникот. Додека се враќате цената на бурекот поскапела два пати. Додека дошло време за ручек цената на бурекот е поскапена пет пати. Ова било реалност за Унгарците во 1945 година. Цените се дуплирале на секои 15 часа. По поразот во првата светка војна Унгарците биле приморани да враќаат големи оштети. Големата депресија и неодговорнаста на нивната влада ја довело нацијата до тотален пропаст. Државата не се опоравила се до воведувањето на форинтата. 2. Немам Ситно – проблеми со кусурот во Аргентина - На секој од нас му се десило да му кажат немам ситно. Тоа не е нешто страшно. Нормално докулку ви се случува ретко. Е сега замислите дека никој нема да има ситно. Одите да си купите чоколадо во продавница што чини 60 денари и за кусорот добивате лижавчиња. Пред само неколку години во Аргетина се случува ваква бизарна ситуација. Никаде не можело да се најдат ситни пари. Она што е најинтересно е дека владата упорно ковала ситни пари, но тие како да пропаѓале во земја, па така се создал црн пазар за купување на ковани пари. Сепак најапсурдно е тоа што и ден денеска не постои објаснување како дошло до ваква ситуација. 3. Британскиот Брод со пари - Замислите дека доаѓате дома и во вашето поштенско сандаче наоѓате плик полн со пари. Навистина убаво, ќе можете да си купите што сакате. Се јавувате кај вашите пријатели да се пофалите, но и тие ви кажуваат дека добиле таков пли. Вашата сопруга се враќа од работа и ви се фали дека на улица нашла полно пари. Веќе погодувате дека ваквото сценарио било вистинско. Во 1775 година се водела борба во САД за ослободување од британските колонии. Тогаш како и сега интересно се печателе пари без покритие. Револуционерите во обид монетарно да се осамостојат печателе пари. Свои пари. Сепак бриранците ангажирале печатарска преса инсталирана на брод. Печателе одлични копии и ги делеле на континтот. Историјата покажала дека тоа не им помогнало да ја задржат Америка под своја контрола. Редакција Фактор  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?