Најголемите десет митови за алтернативите без чад
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2025 10:52
Одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со алтернативите без чад. Дознајте повеќе за испарувачите, електронските цигари и производите што не согоруваат.
1. Дали алтернативите без чад се различни од цигарите?
Алтернативите без чад не го согоруваат тутунот, што значи дека доколку се научно поткрепени и регулирани со соодветен стандард, тие се подобра алтернатива од продолжување на пушењето цигари. Она што е важно е дека не се без ризик. Најдобар избор секогаш е целосно да се откажете од тутунот и никотинот.
2. Дали сите производи без чад се исти?
Всушност, постојат голема низа разлики - и некои сличности - помеѓу уредите што не горат на топлина (познати и како производи од загреан тутун) и електронските цигари (производи со е-пареа и електронски системи за испорака на никотин). Сите тие се алтернативи без чад на продолжената употреба на цигари. Но, производите кои не согоруваат го загреваат вистинскиот тутун во одреден температурен опсег, генерално користејќи електронски систем за контрола на топлината за да се спречи неговото горење. Спротивно на тоа, електронските цигари обично го испаруваат течниот раствор кој содржи никотин и ароми кога корисникот го црпи.0
3. Дали алтернативите без чад содржат никотин?
Сите загреани производи од тутун кои се комерцијализирани содржат никотин, бидејќи тој се појавува природно во тутунот. Повеќето испарувачи и е-цигари содржат и никотин. Никотинот е една од причините поради која луѓето пушат, заедно со вкусот и самиот ритуал. Со цел возрасните пушачи целосно да преминат од цигари на подобри алтернативи, овие производи воглавно треба да содржат никотин.
4. Дали никотинот е главната причина за болести поврзани со пушењето?
Никотинот не е главната причина за болестите поврзани со пушењето. Овие болести, како што се рак на белите дробови, кардиоваскуларни болести и емфизем, настануваат првенствено со вдишување на штетни соединенија формирани при согорувањето на тутунот. Никотинот создава зависност и не е без ризик.
5. Дали испарувањето создава зависност?
Испарувањето генерално вклучува вдишување на никотин, што предизвикува зависност и не е без ризик. Целосното откажување од тутун и никотин е секогаш најдобриот избор. Иако откажувањето може да биде тешко, милиони луѓе го прават тоа секоја година.
6. Дали алтернативите без чад носат ризик?
Иако производите што не горат на топлина и електронските цигари не го согоруваат тутунот, што е главната причина за болести поврзани со пушењето, тие не се без ризик. Најдобар избор секогаш е целосно да се откажете од тутун и никотин.
7. Дали никотинот е без ризик?
Никотинот не е без ризик и предизвикува зависност. Одредени луѓе – вклучувајќи ги и бремените жени и доилки и лицата со срцеви заболувања, со висок крвен притисок или дијабетес - не би смееле да користат производи што содржат тутун или никотин. Посебно малолетните лица не би требало да имаат пристап до производи што содржат никотин.
8. Дали производите што не согоруваат и испарувачите се подобри од тоа да продолжите да пушите?
Иако не се без ризик, кога се научно поткрепени и регулирани за да осигураат квалитет и сигурност, производите што не согоруваат и електронските цигари се подобар избор отколку да се продолжи со пушење.
9. Дали Филип Морис додава никотин во своите производи кои го загреваат тутунот?
Во производите што не согоруваат, не се додава никотин. Тоа е природна компонента на тутунот што се загрева во производот. Не се додава дополнителен никотин.
10. Дали е-цигарите и производите на Филип Морис што не согоруваат содржат катран?
Еден од најштетните елементи на чадот од цигарите е она што многумина го нарекуваат „катран“. Тоа е остаток од чадот откако ќе изгори цигарата, и поточно се нарекува Nicotine-Free Dry Particulate Matter (NFDPM), бидејќи се мери според тежината на цврстите и течни остатоци во чадот од цигарите, откако е одземена тежината на никотин и вода.
Катранот не е присутен во аеросолот на е-цигарите или производите што не согоруваат. Бидејќи производите на Филип Морис не горат на топлина и е-цигарите не го согоруваат тутунот, тие не произведуваат катран. Нивните остатоци од аеросол битно се разликуваат од катранот на цигарите. Сепак, она што е важно да се истакне е дека и производите без чад не се без ризик.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени





