06 Октомври, 2024
0.0358

Најголемите држави должници се …

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во последните неколку месеци должничката криза на Грција речиси не слегува од насловните страници на економските изданија. Но иако нашиот јужен сосед е сериозн задолжен, во однос на соодносот на долгот по глава на жител има доста лоши примери, од кои некои изненадувачки.

Да ја земеме за пример Норвешка.

Во богатата држава со нафта  живеат 5,2 милиони жители. Ако се подели долгот на државата со бројот на населението се добива сооднос на долг кон глава на жител во износ од 34 910 долари (32 416 евра). Бидејќи сепак и бруто домашниот производ е висок, долговото оптоварување е подносливо. Државата има долг во износ од 34,1 отсто од БДП и се насладува на висока доверба од страна на рејтинг агенциите и инвеститорите.

Германија, која се смета за едно од последните сигурни пристаништа во еврозоната, за што инвеститорите понекогаш се подготвени да платат за да вложуваат пари во германски обврзници, има доста високо ниво на задолженост. Секој од 81,8 милиони жители на федералната република треба да плати по 35 881 долари, или вкупно 33,318 милијарди евра, за да може Германија да го отплати долгот одеднаш.

Друг таков пример е Холандија. Економијата куца, рејтингот на врвот и беше одземен. Државниот долг на земјата се зголеми во текот на минатите години од 66,5 отсто до над 70 отсто од БДП. По глава на жител (16,8 милиони жители) нивото е од 37 233 долари, или над 35 000 евра на човек.

Кои се најголемите држави должници според долгот по глава по жител погледнете во галеријата:

5-то место - Белгија

Доста висок е односот на долгот од глава на жител во Белгија. Таму таа изнесува 47 749 долари (44 338 евра). Апсолутниот државен долг изнесува 375 милијарди евра. Ова одговара речиси на економските перформанси на земјата.

4-то место - Сингапур

Азиската земја е економски лидер во регионот. Сепак притисокот на долгови со 5,5 милиони жители е доста висок. Долговите на глава на жител изнесуваат 56 980 долари (52 910 евра). Општо земено, долгот на државата е во износ од 106,2 отсто од БДП.

3-то место - САД

И покрај гигантскиот куп на долгот во износ од 12,326 трилиони евра (107 отсто од БДП), САД се едвај на третото место во ова рангирање. Поради големото население САД имаат ниво од 39 231 евра по глава на жител.

2-то место: Ирска

Поради финансиската криза земјата има долг од над 60 000 долари по глава на жител. Вкупниот долг изнесува 121 отсто од БДП на земјата, над кои рекордерот во рангирањето може само да се смее.

1-то место: Јапонија

Долговите на Јапонија изнесуваат 8,491 трилиони евра. Уште подраматичен е односот кон БДП. Со 238 проценти од БДП долгот е двојно повисок од економското производство. И во однос на долгот по глава на жител Јапонија е лидер во рангирањето - 66 541 евра на жител.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта