Најисплатливото доставно возило-Mercedes-Benz Citan пристигна во Македонија
Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013 11:29
Освен издржливоста на возилото и економската исплатливост за негово одржување, новиот Citan е најмногу препознатлив и по екстремно ниската потрошувачка на гориво.
Всушност потрошувачката на гориво на моделот Citan 108 CDI BlueEFFICIENCY и Citan 109 CDI BlueEFFICIENCY се само 4,3 литри на 100 км (во согласност со NEDC) и тоа го прави за најштедливо возило во својата класа. Но, не само тоа, новиот Citan со овие мотори има најниско ниво на емисија на штетни материи од само 112 g/km CO2.
Новиот Citan е вистински Mercedes-Benz на прв поглед, со впечатлив, и непогрешлив изглед. Карактеристичната предна решетка со сребрена ѕвезда, уникатниот изглед на предните светла и закосениот изглед на предниот капак на моторот, како и јасно исцртаните рабови на возилото.Внатрешната опрема на новиот Citan е исто така произведена со особено внимание и квалитет, како и изработката на нејзината надворешност. Доколку се земат предвид сите дополнителни остави кои се наоѓаат низ целата кабина на возилото, се добива зачудувачки простор од волумен од 77 литри.
Што се однесува до греењето на кабината, сите Citan CDI модели се стандардно опремени со дополнителен електричен грејач за загревање на системот за затоплување на кабината. Тој се вклучува автоматски, во зависност од надворешната температура. Исто така, системот за затоплување е инсталиран и во задниот дел на кабината како опција кај моделот Mixto, а стандардно кај Патничкиот модел.
Новиот Citan е достапен и со мануелен и со полу-автоматски клима уред.
Мотори
Во новиот Citan, на располагање се 4 типа на мотори:
• Citan 108 CDI, моќност 55 kW (75 кс), со вртежен момент од 180 Nm
• Citan 109 CDI, моќност 66 kW (90 кс), со вртежен момент од 200 Nm
• Citan 111 CDI, моќност 81 kW (110 кс), со вртежен момент од 240 Nm
• Citan 112, моќност 84 kW (114 кс), со вртежен момент од 190 Nm.
ADAPTIVE ESP®, и до 6 воздушни перничиња
Новиот Citan поседува широка понуда на опрема за безбедно возење. Клучен елемент за ова е стандардната опрема за сите модели, а тоа е електронската програма за стабилност ADAPTIVE ESP®, систем која го зема предвид товарот во возилото.
Иновацискиот контролен систем за возење ги комбинира функциите како што се ABS, потоа EBV елетронската диструбиција на сила на сопирање, EBR системот, VDC (Vehicle Dynamic Control) систем кој ја регулира под и надуправливоста на возилото, како TCS системот за контрола против пролизгување и го вклучува и ASR системот против пролизгување при забрзување.
Стандардната опрема исто така вклучува и широка понуда на елементи за пасивна безбедност. Возачкото и совозачкото седиште се опремени со опција за приспособување според висина, потоа три точкесто прицврстување на заштитните појаси со предзатегнувачи и ограничувачи, како и предупредувачки систем за појасите.
Три верзии на Citan, со три различни должини и карактеристики на волумен и носивост
Новиот Citan, на располагање е во три различни верзии, односно Товарно, Мixto и Патничко комбе, како и со три различни должини, и можност за повеќе варијатни на поставување на врати, со што се излегува во пресрет на сите потреби за професионална употреба. Должината на компактната верзија е 3,94 метри, потоа долгата верзија е со 4,32 метри и екстра долгата верзија е со 4,71 метри.
И покрај компактните димензии, новиот, товарниот Citan е исклучително просторен. Должината на просторот за товарење изнесува 1.36 m, 1.75 m или 2.13 m, а волуменот на товарниот простор е 2.4 m³ или 3.1 m³ или 3.8 m³, во зависност од верзијата според должината.
Дозволената носивост изнесува 500 кг за компактната, 650 за долгата и 800 кг за екстра долгата верзија.
Товарниот простор има одличен пристап и до него може да се дојде од двете страни преку една или две лизгачки врати. Стандардните асиметрични задни врати може да се отворат и задржат под 90 или 180 степени, со што се олеснува товарењето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





