НАЈМАЛ ДАНОК И НАЈГОЛЕМ ПРИХОД ОД НАEM: Балтичка земја е идеална за инвестирање во куќи и станови
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2025
Литванија e најдобра држава за инвестирање во станови и куќи. Таму има најмал данок и најголем приход од наем.
Литванија и Унгарија нудат најдобар поврат на инвестицијата за оние кои сакаат да профитираат на пазарот на недвижности во 2025 година.
Главниот град на Литванија, Вилнус, ветува просечен приход од изнајмување од 5,65 отсто. Цените за изнајмување се високи во земјата, повеќе од 170 отсто повисоки отколку во 2015 година. Данокот на приход од изнајмување изнесува 15 отсто, а на странците не им е забрането да купуваат недвижен имот.
На нерезидентите во Естонија им е дозволено да купуваат недвижен имот, даноците се релативно ниски, но цените за изнајмување се високи, што резултира со годишен бруто приход од изнајмување од околу 4,5 проценти (данокот на приход од изнајмување е 20 проценти). Цените на недвижностите се зголемија за 6,7 отсто лани и вредноста на инвестицијата се очекува дополнително да се зголеми.
Романија е зад нив поради релативно ниските дополнителни трошоци за купување недвижност со многу ниска просечна стапка на данок на доход од изнајмување од 10 отсто и релативно висока бруто добивка од од 6,46 отсто годишно.
foto Wikipedia/ Iulius