Најмалата “независна суверена држава” на Балканот – Либерленд
Објавено во: Балкан 15 Април, 2015 14:01
На ничија земја, на просторот помеѓу Србија и Хрватска, прогласена е најмалата "независна суверена држава" на Балканот, на површина од седум квадратни километри. Ново оформената држава Либерленд има и претседател-Чехот Вид Једличка. Једличка ги повикува да се придружат сите кои го почитуваат принципот 'живеј и остави ги и другите да живеат', а притоа не се екстремисти.
Једличка тврди дека оваа "држава" настанала во потполност во рамките со меѓународното право бидејќи е основана на ничија земја која во рамките на разграничувањето не ја побарале ниту Србија, ниту Хрватска.
Инаку, Либерлендлежи на крајбрежјето на Дунав, помеѓу Бачки Моноштор и Змајевац.
-Целта на основачот на оваа нова држава е да се формира општество во кое можат да просперираат чесните луѓе и притоа државата да не им го загорчува животот со непотребни забрани и даноци. Една од причините за основање на "Либерленд" е сè поголемото влијание на интересните групи врз функционирањето на државите и сè полошите услови за живот на луѓето. Основачите се инспирирани од Монако, Лихтенштајн или Хонгконг, пишува на официјалната веб страница на Либерланд.
Државата им свое знаме, грб, устав и закони. Знамето започнало да се вее дури кон почетокот на оваа седмица, а лидерите тие веќе делат државјанства и ги повикуваат сите под услов да не се комунисти, неонацисти или екстремисти, а не сакаат ниту криминалци казнети за потешки кривични дела.
Обработи: K.K
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




