06 Декември, 2025
0.1886

Најмалку 700 туристички водичи поради корона кризата ќе останат без приходи

Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Јуни, 2020 07:11

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на Ковид – 19 оваа летна сезона, повеќе од 700 туристички водичи во земјава ќе останат без приходи.

Во Македонија има околу 970 водичи, а од нив 200 се вработени во туристичките агенции и нивната егзистенција до тој степен не е загрозена. Но, ширењето на коронавирусот ги втурна во незавидна положба.

„Сите туристички водичи и придружници, без исклучок, останаа без работа поради коронавирусот. Откажани се сите туристички групи што беа најавени дека ќе дојдат во Македонија. Засега е многу неизвесно дали во вториот дел од сезоната ќе има некаква работа. Состојбата се менува секојдневно, па зрак оптимизам влеваат најавите дека ќе бидат отворени границите и дека луѓето, туристи ќе може да патуваат без ограничувања, контроли и докази дека не се заразени или болни. Се надеваме дека од септември натаму ќе има по некоја група“, вели Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија.

Водичите бараа помош од државата, со цел да го пребродат овој тежок период. Босилков вели дека некои од колегите очекувале дека ќе добијат финансиска помош од 14.500 денари, но речиси никој не доби.

„ЗТВМК поднесе барање до Министерството за финансии за да влеземе во групата погодени дејности за да може, оние што ги исполнуваат условите, да добијат пари. Меѓутоа од Управата за јавни приходи бевме одбиени. Главната причина беше што не постоиме во Централниот регистар. Тоа само го потврдува фактот дека работниот статус на туристичките водичи и придружници на групи законски не е соодветно регулиран. Засега единствен начин е туристичкиот водич да се регистрира како трговец поединец. Но, тоа не е добро решение, бидејќи нашата работа е сезонска и што е понеповолно, постојат многу режиски трошоци, фирмарина, сметководител. Затоа, ЗТВМК веќе презеде први чекори да се создадат законски услови туристичките водичи и придружници на групи да можат да плаќаат паушален годишен надомест кон државата кој ќе ги покрива основните - пензиско и здравствено осигурување. Водичите не бегаат од потребата и обврската да плаќаат давачки кон државата, но потребно е да се создаде законска основа. Свесни сме дека по формирањето на новото Собрание, тоа нема да биде еден од приоритетните закони со кои ќе се зафати новата влада и Собрание, но ќе бидеме задоволни доколку нашиот статус се регулира во престојниот четири годишен мандат“, додава Босилков.

Тој објаснува дека претходните години поради напливот на туристи во Македонија, реализирани се многу тури, имало работа за водичите и тоа овозможило многу од нив да живеат од оваа професија. Но, корона кризата ги урна надежите и сега не се знае кога ќе се вратат на нивото пред пандемијата.

„Ќе бидеме задоволни доколку до крајот на годинава водиме по некоја група за да преживееме до пролет 2021 година“, рече Босилков.

Состојбата е слична и во регионот. За споредба во Словенија, 2.000 водичи остануваат без приходи. Словенците имаат песимистички прогнози и за идната година.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?