Најмалку сто земји во светот тонат во долгови
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Март, 2021
Повеќе од 100 земји во светот се многу задолжени. Пандемијата ја вложи состојбата.
Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд , како и Г20 – група на најиндустријализирани земји, како и економии во развој, се вклучени во решавањето на проблемот. Треба да им се помогне на силно задолжените земји во пандемијата на коронавирусот што е можно поефикасно, објавија светските агенции. Економистот Дина Померанц од Универзитетот во Цирих, специјализиран за развојна политика, ги истражува причините зошто многу земји продолжуваат да тонат во долгови.
„За да може да се грижи за образованието, медицинската нега и инфраструктурата, државата мора да собира даноци. Ниту една модерна земја не може да постои на долг рок без ефикасен даночен систем потребен за одржување на редот и функционалната држава“, вели таа.
Овој пат се вклучени и Кинезите и никој навистина не знае колку заеми им дала Кина на сиромашните земји во Африка и другите континенти. Поради пандемијата многу земји влегоа во рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.