Најнечисти места во трговските центри
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2013 14:06
Најнечисто место во јавните тоалети се мијалникот и чешмата, бидејќи токму тие места веднаш ги допираме при излегување од тоалетот. Тоа го докажуваат и тестирањата на кои е откриено дека овие места содржат опасни бактерии како Ешерихија коли, која на влажни површини се размножува со неверојатна брзина.
Заштитете се: Кога користите јавен тоалет добро измијте ги рацете, а потоа добро исушете ги. Вратата отворете ја и затворете ја со подлактицата.
Масите во рестораните
Дури и кога келнерот пред вас ќе ја избрише масата, тоа не значи дека таа е чиста. Влажните крпи ако не се добро испрани, се идеално место за размножување на бактерии и за нивно пренесување од едно место на друго.
Заштитете се: Влажни марамчиња за дезинфеција на различни површини се идеални за вакви ситуации. Носете ги во чанта и со нив избришете ја масата пред да ви ја послужат храната.
Држачите за раце на ескалаторите
Истражувањата откриле шокантни резултати – на држачите за раце на ескалаторите се пронајдени траги од крв, урина, фекалии, Ешерихија коли и секрети.
Заштитете се: Избегнувајте да ги допирате држачите, а ако тоа го сторите избришете ги рацете со марамчиња за дезинфекција.
Тастатура на банкомат
На примерок од 38 банкомати на секоја тастатура се откриени околу 1200 различни типови микроорганизми, меѓу кои и опасната Ешерихија коли, како и вируси на грип и настинка.
Заштитете се: По користење на банкоматот измијте ги рацете или избришете ги со марамчиња за дезинфекција.
Гардеробер
Опасноста не се крие во гардеробата, туку во облеката која ја пробувате. На тестирање во продавниците каде се земени примероци од облека која се продава, пронајдени се различни материи, меѓу кои и телесни и вагинални секрети, како и отпорната бактерија МРСА.
Заштитете се: Кога пробувате долна облека, пробувајте ја врз онаа што ја носите. Измијте ги рацете по излегување од продавницата, а купената облека задолжително исперете ја пред да ја носите.
Тестери
Внимавајте кога ја пробувате шминката пред да ја купите, бидејќи на тестерите се наоѓаат примероци од различни болести кои се пренесуваат со нечисти прсти.
Заштитете се: Избегнувајте да ја пробувате шминката директно од тестерите. За да ја изберете нијансата која најмногу ви одговара, шминката од тестерите пробајте ја на горниот дел од дланката, бидејќи кожата таму е најслична со онаа на лицето.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




