Најнови информации од АМСМ - Кои патишта се блокирани и непроодни
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2017 19:45
АМСМ во последниот извештај за состојбата на патиштата известува дека повеќето патни правци се проодни, но препорачува да се внимава на условите на патот, да се прилагоди брзината и задолжително да се поседува зимска опрема.
На 08.01.2017 година од 16:45 часот, магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот. Од 17:00 часот на превојот Стража воведена забрана за ТМВ. Забрана за движење на тешки товарни возила има и на крак Маврово – Дебар, соопштува АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Слаб снег провејува на планински превој Стража,Маврово и Смојмирово.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




