19 Декември, 2025
0.0868

Најновиот Google паметен телефон пристигна во Македонија

Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2014 14:14

Добивај вести на Viber

Операторот за мобилна телефонија ВИП за првпат на македонскиот пазар го донесе најновото остварување на LG и Google - супериорниот паметен телефон LG Nexus 5. Телефонот е веќе достапен за корисниците на Вип, за 0 денари со тарифниот пакет Vip Free+ NoLimit+ со договор на 24 месеци. Петтата генерација паметни телефони од серијата Nexus работи на најновиот Android оперативен систем KitKat 4.4 и располага со одлични перформанси. „Горди сме на фактот што успеавме да го донесеме во Македонија наследникот на популарниот Nexus 4, кој беше во нашата понуда веднаш по неговата светска премиера. Во интерес на нашите корисници и нивните потреби, остануваме посветени да им ги овозможиме светските новитети во мобилната телефонија по најповолни услови“, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на ВИП оператор. Најтенкиот и најбрзиот Nexus телефон до сега има импозантен 5-инчен Full HD екран со заштита од оштетување од најновата генерација Gorrila Glass 3 и најнапредна технологија која овозможува брза реакција на допир и одлична видливост и острина на сликата со што се добива неверојатно визуелно искуство. Во уредот е вградена 8 MP камера со оптички стабилизатор на сликата, и Google апликации и алатки кои им овозможуваат на корисниците да креираат фотографии, видео материјали и анимации како со професионална опрема. За брзината и одличните перформаси на Nexus 5 е задолжен моќниот четири јадрен Snapdragon 800 процесор сo 2,3 GHz и 2 GB RAM која овозможува истовремено користење на бројните Google апликации вградени во уредот, како што се: Gmail, Chrome, Calendar, Maps, Drive, Hangouts или Google Now која овозможува гласовно пребарување, информираат од ВИП.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии