Најновиот HTC One во T-Mobile Македонија
Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2013 12:40
Т-Mobile ја збогати својата понуда на паметни телефони со последниот модел на HTC One, кој од денеска може да се најде само во Телеком продавниците насекаде низ Македонија.
- Секој корисник има можност да го добие новиот HTC One по одлични услови во постпејд или во бизнис тарифите со склучување договор во Доверба 24. Во комбинација со која било Play тарифа, корисниците добиваат неограничени разговори во целата T-Mobile и T-Home мрежа, бесплатни SMS пораки кон сите мрежи, супер брз 3G интернет и бесплатна Mobile MaxTV услуга до крајот на годинава, а сето тоа во рамки на месечната претплата, соопшти Т-Мобиле Македонија.
Новиот HTC One има 4,7 инчен екран со Full HD (1080p) и го користи најновиот оперативен систем Android Jelly Bean. HTC One ги вклучува HTC BlinkFeed™, HTC Zoe™ и HTC BoomSound™, клучни нови иновации на HTC Sense® со кои поставува нов стандард за паметни телефони.
HTC BlinkFeed ги сумира најновите содржини од бројни светски информативни извори, претставувајќи ги веднаш и на едно место, без потреба да се менуваат бројни апликации и вебсајтови. HTC ќе обезбедува локални и глобални содржини од 1.400 медиумски извори со над 10.000 статии на ден од дел од најиновативните медиумски компании, како што се AOL, ESPN, MTV, Vice Media, CoolHunting, Reuters и многу други.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





