НАЈПОПУЛАРНИ ПОЛИТИЧАРИ: Еве кои се омилени светски лидери
Објавено во: Свет, Стил 30 Декември, 2015
Истражувањето „Галуп” беше спроведено во 65 земји со цел да се дознае кој од светските политичари има најголема популарност кај народот.
Податоците покажале дека американскиот претседател Барак Обама е најпопуларниот политичар во светот. За него 59 отсто од испитаниците рекле дека имаат позитивно мислење, а негативно се изјаснале 29 отсто, што значи дека американскиот претседател е во плус со 30 процентни бодови.
На второ место се најде германската канцеларка Ангела Меркел (со плус 13 процентни бодови), а на третото место е британскиот премиер Дејвид Камерон со плус 10.
На листата од топ 10 најпопуларни политичари се најде францускиот претседател Франсоа Оланд, кој според податоците е повеќе популарен во странство отколку дома.
На петто место стои рускиот лидер Владимир Путин, кој има исклучителна популарност во својата земја.
Понатаму доаѓаат кинескиот претседател Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, бразилската претседателка Дилма Русеф, саудискиот крал Салман и иранскиот претседател Хасан Рохани.