26 Јуни, 2024
0.0329

НАЈСЕРИОЗНАТА ЗАКАНА ЗА БОМБИ ДОСЕГА: „ДЕНЕСКА ЖРТВИ МОРА ДА ПАДНАТ“ - бараат да се тргне „корумпираната“ власт на СДСМ

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Електронската порака со закана за бомби утрово била испратена на електронските адреси на повеќе медиуми, јавува порталот 360 степени. Закани има во трговски центри, но и на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи, но зградата на ова министерство не е цел.

На електронските адреси на повеќе медиуми, меѓу кои и „360 степени“, утрово била испратена закана за поставени експлозивни направи на повеќе локации во главниот град. Според заканувачката порака, минирани со динамит се претседателската резиденција вила „Водно“, повеќе музеи и трговски центри, хотели и јавни објекти.

Како што може да се види од пораката, таа е испратена од мејлот grahamkleiny72@gmail.com.

Пораката, во чиј наслов е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите, е испратена и на мејлот на Министерството за внатрешни работи.

„Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити: Музеј на Град Скопје (МГС), Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје, Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83, Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000, Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза, ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје, Шопинг центар East Gate Mall, Трговски центар Бисер, Станбена зграда Агора Флатирон, Станбените кули Џевахир, Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје, Куќата на Претседателот – Вила Водно, На следниве локации е поставен GPS контролиран цевчест експлозив: Хотел Марриот (Плоштад на Скопје), Хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централна Железничка Станица Скопје, Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).

„А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата.

Од МВР за „360 степени“ велат дека веднаш по добиените пријави се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.

„Денеска (21.2.2023 г.) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот – вила Водно, хотел Мериот, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“