Парк Хотел и Спа домаќин на предавањето за најновите светски стандарди во туризмот
Најсовремените светски трендови во туризмот претставени пред македонските тур оператори
Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2017 14:00
Денес во Ресторан Four во Парк Хотел и Спа пред македонските тур оператори се одржа предавање на тема „Светски трендови и стандарди во туризмот“. Предавањето го одржа светски реномираниот говорник, глобален тренер, успешен претприемач, експерт-консултант, како и објавуван автор и издавач, д-р. Прем Јагијаши.

Д-р Прем, кој е наградуван експерт во туризмот, покрај претставувањето на светските трендови во туризмот и хотелиерството, посебно внимание посвети на медицинскиот и велнес туризам, гранки од туризмот кои сеуште не се доволно развиени во Македонија.
„Денес, покрај светските трендови и стандарди, сакав да ги укажам и можностите за развој на македонскиот туризам пред домашните тур оператори. Моето истражување за состојбата на туристичката понуда, како на Бакланот, секако подетално и на Македонија ми даде можност да ги детектирам предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, и притоа да дадам предлог насоки како може светските стандарди и трендови полесно да се вметнат во туристичката понуда на Македонија. Развивањето на туризмот има големо влијание врз економскиот, социјалниот, еколошкиот и бизнис сектор. Со моето денешно предавање кое беше организирано на покана на домаќинот на настанот Парк Хотел и Спа, се надевам дека успеав успешно да ги претставам позитивните влијанија на овој вид на туризам на секој од овие сектори“ рече д-р Прем Јагијаши.
„Предавањето беше иницирано со цел да се претстават светските стандарди и трендови во туризмот, стандарди кои ние во Парк Хотел и Спа се трудиме да ги одржиме и сакаме да ги претставиме, пред се, пред домашните тур оператори кои работат дирекно со домашните и странските туристи. Секако сакавме да ја претставиме и дополнителната можност од медицински и велнес туризам, гранки за кои сметаме дека имаме капацитет да ги реализираме“ рече Томислав Саздовски извршен директор на Парк Хотел и Спа.
Парк Хотел и Спа и во иднина, преку вакви настани, ќе продолжи да става акцент на она што е навистина важно за проширување на туристичката понуда.
За дополнителни информации за идните настани и понудата на Парк Хотел и Спа, погледнете на http://parkhotel.mk/
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




