НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава
Објавено во: Македонија, Балкан 29 Ноември, 2023
По веста дека на автопатот „Мајка Тереза“ во тешка сообраќајка животот го изгубила 24 годишна девојка од соседна Албанија, која го растажи регионот. Денеска на социјалните мрежи се пренесува информација дека станува збор за Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во соседна Албанија.
Ева Таво, загина во несреќа во Македонија, а информацијата за сообраќајната незгода ја потврдија од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарце, на патот од Тетово кон Скопје.
- На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с.Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со албански регистерски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот. Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден - соопшти македонското МВР.
Како што објави „Газета.ал“ несреќата ја потврдил и самиот поранешен пратеник Ванѓел Таво. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот.
Ева Таво беше најстарата ќерка на поранешниот пратеник, чија мајка пред години почина од тешка болест.
Detaje të reja nga aksidenti i rëndë ku humbi jetën vajza 24 vjeçare e ish deputetit Vangjel Tavo https://t.co/egV5AmsQZW pic.twitter.com/wnhRpJyEzV
— Gazeta Shqiptare (@ShqiptareGazeta) November 29, 2023
На социјалните мрежи се споделува и трогателната објава на Таво:
- Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот во Јоргукат, Ѓирокастро - напиша Ванѓел Таво.
Фото: Принтскрин/Твитер