НАЈСТРОГА КАЗНА ЗА УБИЕЦОТ ОД КОЧАНИ: И случајот да не се третира како еднократен инцидент бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2023 12:44
Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се
случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна
партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно
насилство.
Оттаму, потсетуваат и на двојно убиство во Куманово, кога сопруг си ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби, што заедно со случајот во Кочани, се три фемициди извршени во еден месец, на кои им претходело долгогодишно семејно насилство кое било пријавувано во полиција.
- Бараме да се поведе постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на три жени. По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани, подвлекуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Нивната анализа покажала дека во периодот од 2017 до 2020 година во државата се регистрирани вкупно 22 фемициди.
- Кај повеќето анализирани случаи убиството е извршено од сегашен или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого жртвата живеела во заедница. Во повеќе од 80 отсто од случаите, убиството се случило или во заедничкиот дом или, доколку биле разделени, во домот на жртвата. Алармантен е податокот од истражувањето на ОБСЕ, објавено во 2019, дека жените многу ретко го пријавуваат насилството кое претходи, односно, се пријавени само два процента од насилните инциденти и тоа најчесто се пријавува најсериозниот, информираат од Националната мрежа.
Тие потенцираат дека овие наоди се јасни индикатори за недоверба кон институциите и генерално недоверба во системот на заштита. Според нив, со неказнувањето и/или несоодветното казнување на сторителите на насилство им се праќа порака со која се одобрува нивното насилно однесување и тие се охрабруваат да продолжат да вршат насилство.
- Бараме од Основното јавно обвинителство да го квалификува убиството во Кочани согласно член 123, став 2а „друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство“, и при одредување на висината на казната да ги земе предвид сите околности, односно да не го третира случајот како еднократен инцидент, туку убиство како последица на долгогодишно семејно насилство. Согласно ова, бараме одредување највисока казна за сторителот, потенцираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Тие бараат и поведување постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на три жени.
- По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани, велат од мрежата на граѓански организации.
Оттаму, нагласуваат дека само преку воспоставување функционален систем на заштита од насилство врз жени и семејно насилство, почитување на основниот принцип на Истанбулската конвенција – должно внимание во неговата вистинска смисла, и соодветно казнување на сторителите, може да се превенираат идни случаи на родово базирано насилство и фемицид како негова најекстремна форма.
ФОТО: МИА* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски
Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија
Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка





