Најсвирепиот убиец Хаџиски од апелација доби потврда за 20 години затворска казна
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016 16:37
Апелација ја потврди првостепената пресуда од 20 години затвор на Миле Хаџиски кој е осуден на 20 годишна затворска казна за убиството на Мери Јошевска, кое се случи во јуни 1993 година во Скопје.
Основниот суд Скопје 1 го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна лани во декември, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот повеќе од 20 години беше во бегство пред да биде уапсен и екстрадиран во земјава од француските власти.
„Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата со КЖ број 626/16, со која ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд К.бр 2927/15 против обвинетиот М.Х. за кривичното дело убиство по член 37, став 2, точка 1 и 4 од Кривичниот законик, сторено 18 јуни 1993 година, во Скопје. Со второстепената пресуда, Апелацискиот суд ги одбил жалбите на обвинетиот М.Х. изјавена преку неговите бранители и жалбата на неговата мајка, како неосновани и во целост ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 14 декември 2015 година, со која обвинетиот М.Х. судот го огласи за виновен за кривичното дело убиство и го осуди на казна затвор во траење од 20 години“, стои во соопштението од Кривичниот суд.
Које е Миле Хаџиски ?
Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот „АВНОЈ“ бр. 104 во Скопје. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. Од здобиените повреди Јошевска починала на лице место. Увидот покажал дека и на паркетот имало траги од силината на ударите со нож што ги оставил убиецот. Хаџиски потоа зел неколку парчиња златен накит и го напуштил станот, оставајќи ја Јошевска да почине. Според полицијата, убиството било извршено со умисла, на свиреп начин и од користољубие.
Засолниште Хаџиски потоа побарал во Легијата на странците, а во меѓувреме го смени идентитетот и стана Зоран Томановиќ. Во повторениот судски процес, кој почна лани во октомври, Хаџиски негираше вина за убиството на Јошевска и велеше дека не се сеќава на ништо.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




