Наќе Чулев позитивен на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Октомври, 2020
Екс министерот за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19.
Тој информацијата ја објави на Фејсбук.
„За жал, и покрај сериозната претпазливост, не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден. Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето“, напиша тој на фејсбук.
Деновиве голем број политичари беа заразени, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заврши на Инфективната клиника.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.