Добивај вести на Viber
За 5,9 отсто е намален бројот на туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, додека бројот на ноќевања е намален за 5,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во јануари оваа година изнесува 31.764, а бројот на ноќевањата изнесува 66.984.
За 2,9 отсто е намален бројот на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на истиот период лани, а бројот на странските туристи е намален за 8,5 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на јануари минатата година, е намален за еден отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10,8 отсто.
Бројот на туристите во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските има намалување за 2,3 отсто.
Ноќевањата во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 5,9 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18,7 отсто, а кај странските има намалување за 6,1 отсто.