29 Септември, 2024
0.0253

Намалена потрошувачката на електрична енергија за време на енергетската кризна состојба

Објавено во: Економија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во услови на прогласена енергетска кризна состојба и ценовниот шок на слободниот пазар на електрична енергија, вкупната потрошувачка на струја во Македонија се намалила за 4,6 отсто. 

Ова го покажува споредбата на вкупната потрошувачка, според податоците од националниот систем-оператор МЕПСО од 9 ноември до 9 декември, период за кој првично важеше уредбата за прогласување на кризна состојба во енергетиката, споредено со истите календарски денови лани.

Во овој период биле потрошени 689.847 мегаватчасови вкупен конзум, што е за 28.282 мегавати помалку од 9 ноември до 9 декември 2020 кога биле потрошени 718.129 мегаватчасови струја во земјата.

Инаку во пандемиската 2020, според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, вкупната потрошувачка изнесувала 7,46 милиони мегаватчасови и била потрошена само 0,33 отсто помалку струја во однос на 2019, а за 0,91 процент повеќе од 2018.

Во меѓувреме Собранието ја прифати предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија до 9 јуни.

Во моментов нема прецизни проекции колку ќе ја чини државата ваквата потрошувачка особено со вбризгувањето буџетски средства директно во енергетските компании ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност.

Уредбата на Владата отвораѓе можност и за воведување на одредени рестриции, но до  таква мерка, барем засега, не се предвидуваше.

Колку пари ќе бидат потребни, засега никој точно не прецизира, но речиси сигурно ќе бидат повеќе од оние 65 милиони евра кои Владата ги издвои од буџетот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија