Намалени адвокатските тарифи за учество на адвокати во нотарски постапки
Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017 14:27
Во интерес на што поголемо растеретување на граѓаните, како и на стопанските субјекти, а како што беше најавено и при донесувањето на Законот за нотаријат, Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10.000 евра, кој во согласност со новиот Закон за нотаријат задолжително треба да бидат изготвени од адвокат. Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал.
Исто така, во постапките за издавање на платен налог, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.
Со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора на Република Македонија дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.
Доколку ваквиот став на Адвокатската комора на Република Македонија го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




