18 Декември, 2025
0.0576

Намалени инвестициите во хотели на европскиот пазар

Објавено во: Свет 04 Март, 2013 16:34

Добивај вести на Viber

Активноста кај инвестициите во хотели во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка е намалена за 4% до 8,5 милијарди евра во 2012 година, покажуваат податоците на компанијата за недвижности Jones Lang LaSalle (JLL), цитирани од онлајн изданието Property EU. Најликвиден пазар продолжува да е Велика Британија, каде што обемот на трансакции бил 2,3 милијарди евра, по што следи Франција со 1,7 милијарди евра и Германија со 1,2 милијарди евра. Париз и Лондон остануваат магнет за странскиот капитал, што доаѓа главно од богати инвеститори од Блискиот и Далечниот Исток, на кои се паѓаат околу 40-50% од вкупниот волумен на трансакции на двата пазари. Меѓу купувачите на хотели доминираат институционалните инвеститори, кои го зголемија својот удел на пазарот од 17% од вкупната вредност на инвестициите во 2011 година до 24% во 2012 година Тие се особено активни во Германија, како се концентрирани главно врз средства на клучните пазари со стабилен имот. Довербата кај инвеститорите е поддржана од најдобрите оперативни резултати на неколку клучни играчи на пазарот. Ова е особено во изразено во Париз (+8,5%) и Германија како целина, каде што е забележан силен пораст на приходот од соба во Берлин (+8,6%), Франкфурт (+5,1%) и Минхен (+ 8,5%). Од JLL очекуваат во 2013 година резултатите да се подобрат уште повеќе на некои европски пазари со оглед на постојаното зголемување на посетителите од новите економии во Азија и Јужна Америка.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина