Добивај вести на Viber
Почнувајќи од 18.11.2014 година, Комерцијална банка започна со понуда на најповолен станбен кредит со ЕУР клаузула со промотивна каматна стапка од 2,9% годишна, фиксна за првите 3 години и 6,85% годишна, променлива за остатокот на период на отплата на кредитот.Промотивниот период ќе трае до 31.03.2015 година. Паралелно со оваа промоција , Банката продолжува да го нуди и станбениот кредит со ЕУР клаузула со каматна стапка од 4.85% годишна, фиксна за првите 5 години и 6,65% годишна, променлива за остаток на период на отплата на кредитот, а изборот зависи од потребите и желбите на клиентот.
Банката го продолжи и промотивниот период, во кој сите станбените кредити со ЕУР клаузула ќе се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка на обезбедување до 31.03.2015 година. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.