19 Декември, 2025
0.0688

НАМЕСТЕН ИЗБОР: Колку пари плаќал ADAC за местење на анкети?

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2014 11:20

Добивај вести на Viber

Германскиот автоклуб Алгемајне  Дојче Автомобил клуб (ADAC) ги фалсификувал резулатите за анкетите за омилениот германски автомобил уште од 2009-та година. До сега признаваа дека е манипулирано со резулататите само од последната година, пренесуваат светските медиуми. Најголемиот автоклуб во Европа во соопштението за медиумите, признава дека од 2009-та година го зглемувал бројот на гласови кои стигале за годишната анкета Жолт анѓел за омилен германски автомобил. Така што се менувал редоследот за некои марки на автомобили. Вработените во ADAC, одговорни за објавувањето на анкетата, на тој начин овозможувале резулатите да бидат различни и да не доминира само еден бренд. Компаниите BMW, Folksvagen и Dajmler веќе објавија дека поради фалисификување на резултатите, оваа недела на ADAC ќе им ги вратат сите досега добиени Жолти анѓели, но и другите награди од автоклубот. Овие три компании имаат освоено вкупно 40 Жолти анѓели, но и порано ја имале можноста да слушнат дека поради фалсификување наградата е безвредна. Аферата пукна на средината на јануари кога раковотството на автоклубот призна дека директорот за комуникации Михаел Рамштер манипулирал со минатогодишните резулатати од анкетата. Рамштер по откривањето на измамата поднесе оставка, а минатата недела од функцијата си замина и претседателот на автоклубот Петер Мајер. Сегашното раковотство на автклубот обелодени дека фалификувањето на анкетата не се однесува само на минатата година. На ADAC исто така му наштетија и вестите дека раководството за приватни потреби ги користело превозните средства на ADAC, имено Мајер со хелихоптерот за спасување одел на службен пат, но и дома, а една од вработените пак барала со авионот на  ADAC нејзиниот син да оди на летен одмор во Египет, бидјеки го испуштил комерцијалниот лет. Многубројни германски возачи поради аферата, одлучиле да се испишат од  ADAC. Корист од оваа ситуација најмногу има третот по големина автоклуб ACE, на кој по откривањето на скандалот му се приклучуваат околу илјада нови членови недело. ADAC има 19 милиони членови и е најголем автоклуб во Европа. Им нуди помош на возачите и дава проценка за најарзлични видови на опрема, од детски автоседишта до гуми. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии