20 Декември, 2025
0.0398

Наместо да купувате букет цвеќе за 8 Март – дајте им поголеми плати на жените!

Објавено во: Македонија 08 Март, 2020 07:20

Добивај вести на Viber

Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Меѓународниот ден на жените стана глобален феномен, а подарувањето цвеќе и бомбониери, срца и други подароци на саканите дами со време не зафати и нас. И додека повеќето ќе знаат да ви кажат дека 8 март е Ден на жените, зошто тоа е така и што всушност се слави знаат многу мал број на луѓе.

Меѓународниот ден на жените или попознато, Осми март е празник посветен на жените. Настанал како ден на сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените .

Празникот е востановен на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти 8 март 1910 година во Копенхаген, на иницијатива на Клара Цеткин, водачката на германските социјалисти и женско работничко движење .

Обединетите нации го прогласија осми март за меѓународен ден на жените во 1975 година. Жените во Македонија имаат право на глас од 1945 година.

Во приказната за одбележувањето на 8-ми Март ја спомнавме Клара Цеткин. Денес 8-ми Март се сведува на цвеќето. Но, кој знае дали кога Клара се борела за рамноправност и било до цвеќе. Таа го истрасирала патот за меѓународна солидарност на жените во борбата за економска и политичка рамноправност.

И после години…приказната добива нов тек. Одамна е се поинаку. Денот за кој се бореше Клара е одамна измутиран во нешто сосема друго. Се сеќаваме сите сакавме на учителката да и подариме цвет. На мама и баба да им го честитаме празникот со цртеж со цвеќе. А тие божем изненадени а дотерани не честеа торта, божем слушајно направена. И тоа се најубавите спомени. Приказната имаше шарм, блискост, празникот не беше комерцијален.

И после еден ден драга Клара, ни се смачи како се празнува денот на жената барем тука кај нас. Порано тоа можеби било неработен ден за жените. Одат на работа ама не работат. Денес одат на работа и тоа како ли работат. Мажите купуваат пупка од неотворен каранфил. Жените со тазе фризури, излакирани и нашминкани мажите ги водат во кафеана на ручек до вечера. И сите на маса околу маса. Потоа жените си одат, мажите остануваат да си допијат.

Комерцијално, лицемерно. Се нудат ефтини мениа кои после чинат многу повеќе. Продавниците полни глупостинки завиткани во целофан.  Знаеме дека на запад не е како на нашиот исток. Таму празникот е само некој си комунистички празник, заборавен.

Но, да се навратиме на приказната. Погоре споменавме дека 8-март е ден кој настанал за борба кон подобра економска рамноправност.

Ефтини подароци од работодавачите, а мали плати-нели е лицемерно?

На работа директорите, т.е по нивна нарачка шефовите делат пакети зависи кој што решил да им „подари“ на работничките а не дека е од срце искрено подарено.

Некои екебани или свенат каранфил, други ефтини парфеми и креми што нема никогаш да им ги купат на нивните жени, трети пак ги носат на прошетка до главниот град или поблискиот манастир .

Не, драги газди. Џабе ви се тие подароци и прошетки кога работниците ви се со тажни погледи и празни џебови, лажни насмевки на лицата а болки во срцата оти со 10 000 денари просечна плата некаде и помалку или со дневница во текстилна индустрија од 300 денари крпат ден со ден.

Дали сте ги запрашале како тие преживуваат и го хранат семејството?

Не бидете лицемерни, место да им подарувате цвеќиња, дајте им поголеми плати, израдувајте ги со денар плус кој за вас можеби не значи ништо ама за нив ќе значи многу.

Ако има за вас, зошто да нема и за нив? Зарем не заслужуваат и тие да излезат една вечер да ручаат надвор или да идат 5 дена на годишен одмор?

Дајте им мотив со кој ќе доаѓаат на работа и ќе видите колку дупло ќе ви вратат.

Но некогаш, не сте и вие криви. За спроведување на политиката на јакнење на правото на жената во социјалниот живот е најодговорна државата, односно власта која ја води, која ги донесува сите закони и која ви го дозволува тоа што го правите а ви прогледнува низ прст ако и дадете нешто за возврат.

Како и да е нека овој текст ве потсети дека 8-март е нешто повеќе од букет цвеќе и кутија бомбони! Бидејќи, вистинската еднаквост уште чека да биде остварена!


И.С.

(Фактор архива) 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки