НАМЕСТО ГАШИ, БЕНДЕВСКА ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ ДЕЛЕГАЦИЈАТА: Ќе се оди во Пелинце и Прохор Пчински
Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 10:48
Наместо собранискиот спикер, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска ќе ја предводи делегацијата по повод 2 август - Денот на Републиката во Пелинце и во Прохор Пчински, информираа од Собранието.
„По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински“, стои во соопштението.
Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието; пред споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот Македонија“.
Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево, на гробот на Никола Карев, Македониум; пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен“.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




