18 Декември, 2025
0.0592

Наместо кај ГА-МА, 32-те милиони евра на Владата завршија кај АД НЕР

Објавено во: Економија 20 Декември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Владата не успеа, како што планираше, до крајот на годината да ја направи државата 100-отстотен сопственик на целиот гасоводен систем иако имаше 32 милиони евра на располагање од државниот буџет за таа намена.

Наместо парите да завршат кај приватниот ко-сопственик на транспортерот на природен гас во Македонија, ГА-МА АД, тие привремено како позајмица се најдоа на сметката на Национални енергетски ресурси, државното претпријатие кое го гради гасоводот низ земјата.

Ваквото ослободување на средствата било неопходно поради завршувањето на годината, а при тоа уште во септември со ребалансот на Буџетот овие пари беа проектирани за купување на „приватниот“ дел на ГА-МА АД.

Решението од постапката се уште не е завршена со вонсудското решавање на предлог-спогодбата што државата ја имаше доставено до Државното правобранителство. Претходно на средината на ноември беше соопштено дека Макпетрол АД Скопје и Владата ќе склучат спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со ГА-МА АД Скопје. По ова, ќе следува проценка од овластени проценители, па Макпетрол согласно пазарна цена ќе и го продаде својот дел од сопственоста во ГА-МА АД Скопје на Владата. Согласноста е постигната со поддршка од Енергетската заедница.

Владата во рамките на последната редовна седница одлучи средствата од Буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари, да бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД НЕР.

Средствата, како што соопштија од Владата, треба да се искористат за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, која како компанија треба да го транспортира гасот низ цела Македонија.

Во моментов АД ГА-МА го оджува системот за пренос на рускиот гас кој единствено доаѓа од Деве Баир па до скопскиот регион. АД НЕР го гради националниот гасовод и предвидено е овие две претпријатија да се спојат во едно кога ќе биде откупено приватното сопствеништво на АД ГА-МА.

Александар Кузмановски



Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје