Наместо медицински, во ковид центрите во Република Српска употребувале индустриски кислород
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Септември, 2021
Афера ја тресе Република Српска, затоа што наместо медицински, во ковид центрите користеле индустриски кислород.
Тоа е тврдење кое изминатите денови е презентирано во медиумите кои прикажаа документи дека болниците се снабдувале со кислород од компании кои немале дозволи од Агенцијата за лекови на БиХ, производство, трговија и дистрибуција на медицински кислород, туку бил испорачуван технички кислород за пациентите .
Владата во Бања Лука соопшти дека примероците од кислородот кој е користен низ болниците е испратен во лабораторијата од Белград.
По добивање на резултатите, ќе се знае кој ќе понесе одговорност за аферата „Кислород“. Опозицијата бара одговорност за случајот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.